Овошје што треба да го избегнувате ако се обидувате да изгубите тежина: Богати се со шеќер
Сите знаеме дека исклучувањето на преработената храна, засладените пијалоци, белиот леб и пржената храна помага кога се обидувате да изгубите тежина и да останете здрави, но некои експерти препорачуваат и избегнување на одредени овошја.
Иако се полни со антиоксиданси, влакна и есенцијални витамини, некои овошја имаат и многу шеќер, што може да го зголеми нивото на гликоза и да доведе до зголемување на телесната тежина, пишува Best Life.
Банани
И Бананите се едно од овошјата кои содржат многу шеќери и затоа можат да влијаат на вашите цели за слабеење. Според Клиниката во Кливленд, една банана има повеќе од 15 грама шеќер. Меѓутоа, ако сакате банани и се обидувате да изгубите тежина, јадете ги кога се позелени бидејќи „имаат поотпорен скроб“. Постојат многу други здрави аспекти на бананите, тие содржат влакна за да го помогнат варењето, витамин Ц за зајакнување на имунитетот, витамин Б6 за подобрен метаболизам и калиум за добро здравје на органите.
Цреши
Следни на листата се црешите. Една чаша од ова овошје содржи околу 19 грама шеќер. Од друга страна, црешите содржат полифенолни антиоксиданси, кои помагаат да се заштити вашето срце од оштетување на клетките и да се намали воспалението.
Грозје
И’ покрај бројните придобивки, со 15 грама шеќер по чаша, грозјето најдобро е да се избегнува за време на слабеењето.
Ананас
Иако ананасот има импресивна листа на здравствени придобивки – полн со витамин Ц и манган, тој исто така е богат и со шеќер. Една шолја од ова овошје има над 16 грама шеќер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Живеевме под советска чизма, не го сакаме…
Стотици граѓани протестираа во вторникот вечерта пред…
Вучиќ за можноста од трета светска војна:…
Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, оцени…
Затворени три друштва за интернет-игри на среќа…
Државна лотарија соопшти дека презела мерки за…
Удар за сепаратистите во Канада: Алберта убедливо…
Гласачите во канадската провинција Алберта убедливо го…
НАТО ќе ги засили надзорот во Црното…
НАТО денеска соопшти дека ќе го зголеми…