Објавено на:

Данец со камера скриена во пенкало, снимал голи деца на плажа во Хрватска

t

Полицијата во Ровињ спровела кривична истрага и утврдила сомнение дека 59-годишен дански државјанин сторил кривично дело експлоатација на деца за порнографија. На 1 август околу 18.50 часот бил затекнат од обезбедувањето во туристички објект во месноста Ровињ како со мини камера во хемиско пенкало снима голи деца, објави Индекс.

Полициски службеници го привеле мажот и по наредба на надлежниот суд извршиле претрес на куќата во која живее и возилото што го користи, при што му биле одземени лаптопот и УСБ-стиковите на кои била пронајдена инкриминирачка содржина.

По завршување на кривичната истрага, осомничениот во петокот вечерта бил приведен во притворското одделение на Полициската управа на Истра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Наместо на одмор, младите Босанци одат на…

Значително повисоките плати за истата работа, но…

Свештеници на Англиканската црква под истрага за…

Седум свештеници на Англиканската црква, вклучувајќи го…

Дедо-монструм, кој ги силувал внуците оставени кај…

77-годишен маж чиј идентитет не се открива…

Хрватска ја враќа воената служба

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ денес…