Ангелов подели признанија и плакети на дел од странските противпожарни сили што помогнаа во гаснење на пожарите во Македонија
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов ги испрати дел од странските противпожарни сили, кои изминатите денови помагаа во гаснењето пожари низ државава. Притоа, тој им врачи признанија и плакети на воениот дел од скопскиот аеродром, информираат од ЦУК.
Ангелов изрази благодарност до нашите пријатели, храбрите пилоти и воздухопловните посади од Словенија, Чешка и од Шведска, кои овие денови, заедно со македонските пилоти на противпожарни воздухоплови, ги гаснеа пожарите што ја пустошеа и сѐ уште ја пустошат нашата татковина, се наведува во соопштението.
Тие пак, изразиле подготвеност да помогнат и понатаму, доколку имаме потреба од нив.
Признание ѝ било врачено и на Клер Ковалески, офицер за врска од ЕУ механизмот за цивилна заштита.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот
Центарот за управување со кризи информира дека…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…