Објавено на:

Нови протести против ископувањето на литиум во Србија

t

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ се одржаа протестни средби на граѓаните против ископувањето литиум во Србија.
Вчера по истиот повод се собраа и граѓаните на Смедерево, Рековац, Бор и Брешница.
Протести против ископувањето на литиум се одржаа претходно овој месец во неколку други градови и општини во Србија – во Параќин, Панчево, Топола, Мионица, Рашка.


Серијата протести уследи по одлуката на Владата на Србија на 16 јули да продолжи со изградбата на рудникот за литиум во долината Јадра, кој беше прекинат во 2022 година.
Одлуката уследи откако претходно овој месец Уставниот суд на Србија одлучи дека властите во Србија ги пречекориле своите овластувања со запирање на проектот 2022 година.
Проектот на Рио Тинто вреден 2,4 милијарди долари беше стопиран пред две и пол години по масовните еколошки протести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…

Група од околу 20 претставници на Европскиот…

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…

Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…

Сè уште е неизвесно дали ректорот на…

Министерот за надворешни работи на БиХ го…

Министерот за надворешни работи на Босна и…