Состојба на зголемена готовност во Атина поради ситуацијата на Блискиот Исток
Атина е во состојба на зголемена готовност со цел да реагира во случај на разгорување што би влијаело врз Либан. Атина и Никозија се во координација за евентуална евакуација, пред сè, граѓаните на Грција или на Република Кипар и доколку е потребно и на трети земји, главно од ЕУ.
Во случај да биде побарана помош од Грција за евакуации, првото решение, според „Катимерини“ е грчката фрегата „Кунтуриотис“, која моментално плови покрај брегот на Либан како дел од постојаната мисија на поморските сили под покровителство на ОН, но доколку е потребно, постои можност да се испратат и други воени бродови, како и воздушни средства.
– Земји кои сакаат да ги вратат своите граѓани од Либан и поширокиот регион, како што се САД, Канада, Франција и Германија, очигледно имаат свои супериорни средства и квалитет, доколку бидат потребни дополнителни операции за оваа цел. Сепак, Атина е во директен контакт со сите партнери, особено со Отава, бидејќи многу голем број граѓани со канадски пасоши живеат во Либан. Аеродромот во Атина, како и воздухопловната база Суда се точките каде што авионите (цивилни или воени) што ќе ги користат овие земји, можат да бидат стационирани, како што беше случај во октомври и ноември 2023 година, по масакрите во јужен Израел и почетокот на операциите во Газа, пишува „Катимерини“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Се судрија два противпожарни хеликоптери во…
Во текот на гаснењето на пожарот западно…
Познат адвокат во Атина до смрт претепан…
Во полн ек е истрагата за смртта…
Пукање во центарот на Атина: Четворица повредени,…
Грчката полиција започна потера по 89-годишен осомничен…
Атина воведува ограничување на туризмот: Има 700…
Атина не може да функционира како огромен…
„Сејф сити“ и во Атина, за два…
Во Атина почна да функционира новиот систем…