(Фото) ПСС Охрид денеска во спасувачка мисија на туристка од Чешка, која се повредила планинарејќи на Галичица

t

Членовите на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид и Алпинистички клуб „Патагонија“ од Охрид со целокупниот расположлив капацитет, веќе 7 дена се вклучени во гасењето на пожарите во охридско, а особено на пожарот во Национален парк „Галичица“.

Вклученоста е главно во логистичка поддршка, обезбедување и достава на храна за тимовите кои гасат, транспорт на луѓе со теренски возила, а на Галичица и со директна вклученост во гасењето на пожарот, поради непристапноста на теренот.

– Покрај ангажманот во гасењето на пожарот на Галичица, денес во 13:50 часот преку единствениот повикувачки број 112 и Итната медицинска помош од Охрид, добивме повик за спасување на повредена жена, турист од Чешка, која се здобила со скршеница на десна потколеница, планинарејќи на Галичица. Бидејќи целокупниот потенцијал на ПСС во моментот беше ангажиран, побаравме хеликоптерска асистенција, при што дел од тимовите кои се вклучени во гасењето на пожарот, беа пренасочени во спасувачка операција. Благодарение на оперативноста на ЦУК и умешноста на пилотите од хеликоптерската единица на МВР, веднаш беше обезбеден хеликоптер, со кој тим од ПСС беше транспортиран до местото на несреќата. Бидејќи тимот беше повлечен директно од терен, беше принуден да изврши имобилизација и транпорт со импровизирани средства. Во 15:30 часот повредената беше пренесена во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, а тимот од ПСС се врати да им помогне на пожарникарите и ренџерите од НП „Галичица“ во борбата со огнената стихија, информираат од ППС.

May be an image of 5 people and people climbing

Додаваат дека се надеваат дека сите овие случувања ќе предизвикаат поголем интерес во иднина за јакнење на сите капацитети за справување со кризи и несреќи, особено во вреднувањето и поддршката на волонтерските тимови од различни специјалности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена од Росоман почина од западнонилска треска

Жена од Росоман е единаесеттата жртва на…

Падна покрив на училиште во Пакистан, загинаа…

Голема трагедија го потресе Пакистан откако се…

МИЦКОСКИ НАЈАВИ НОВИ 2000 РАБОТНИ МЕСТА: Во…

Германската компанија „Кромберг и Шуберт“ планира нова…

Над 1.400 луѓе во Македонија ќе гласаат…

Во Македонија се пријавиле 1.438 луѓе за…

(Видео) Мицкоски: Разгледуваме можности за рестартирање на…

Премиерот Мицкоски денес во одговор на новинарско…