Објавено на:

Масовна евакуација на домови и болници поради ширењето на пожрот во околината на Атина

t

Во околината на Атина продолжува масовната евакуација на домови и болници поради шумските пожари кои избувнаа во саботата.

Откако во неделата беа евакуирани стотици луѓе од најмалку осум села, Цивилната одбрана денеска нареди евакуација на уште пет области.

„И покрај целоноќните напори на цивилната заштита и нејзините натчовечки напори, пожарот забрзано се разви“, изјави портпаролот на противпожарната единица, објаснувајќи дека пожарот ја зафатил планината Пентелик и се движел кон Пентела.

Според него, во зори биле евакуирани детската и воената болница во Пентели.

Противпожарната бригада на терен испрати 510 пожарникари со 152 возила и 29 авиони, додаде тој.

Според грчкиот јавен сервис ЕРТ, 30-километарски огнен појас се движи кон Атина.

Историскиот град Маратон, 40 километри источно од Атина, е една од областите каде службите за итни случаи наредиле евакуација.

Пламените јазици, наводно, веќе го зафатиле градот, поради што изгореле многу покриви. Пожарот веќе го проголта градот Дионе.

Од саботата попладне во Грција избувнаа 40 пожари. Пламенот достигнал висина од 25 метри. Луѓето во регионот на Атика добивале СМС пораки во кои ги известувале за пожарот и ги упатувале во која насока да се евакуираат.

Поради пожарот и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во неделата го прекина годишниот одмор и се врати во Атина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бебе пронајдено во кеса за ѓубре во…

Шестмесечно бебе попладнево било пронајдено во црна…

ХАОС во Грција, улици полни демонстранти за…

Синдикатите што ги застапуваат работниците во секој…

ХАОС во Атина: Ја нападнале полицијата со…

Во предградието на Атина, Егзархија, околу полноќ…

Запалена спортска обложувалница во Аеродром

Спортска обложувалница во Аеродром била запалена во…

Изгорела куќа на гурбетчии во Шуто Оризари,…

Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена…