Петровска за престрелките: Лично Мицковски ги одобрува, затоа и одбра да се фотографира со Борис Мутков – Фантом, познат лик на скопското подземје

t

Утрово ново убиство, нова пресметка. Додека Мицковски се фотографира и се смешка, пукање и мафијашки престрелки на секој чекор, пишува во објавата на својот фејсбук профил Славјанка Петровска, поранешна министерка за одбрана од редовите на СДСМ.

„Лично Мицковски стои и ги одобрува овие мафијашки престрелки, затоа и одбра вчера на големиот христијански празник Преображение, пред Божји храм да се фотографира со Борис Мутков – Фантом, познат лик на скопското подземје. Наместо да ги апсат, тие се фотографираат и смешкаат“, пишува Петровска.

Вчерашната престрелка во Синѓелиќ, како што вели, е всушност пресметка зад која стои Фантом и праќа порака кој е кој.

„Доказ дека блискоста на Фантом со Мицковски не е монтирана е и фактотот што братот на Фантом е дел од обезбедувањето на Мицковски.
Очигледно е дека ДПМНЕ продолжува таму каде што Груевски застана, и затоа многу пократко ќе траете“, потенцира Петровска во напишаното.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претреси низ Скопје и Тетово, приведени се…

Вкупно 19 луѓе биле приведени во текот…

Момче од Србија е уапсено во Солун…

Србин на возраст од 23 години кој…

Мицкоски: Не сум задоволен од пораките на…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја оцени вчерашната…

Пијан работник од депо украл трамвај во…

Дваесетгодишен работник во трамвајско депо во Киев,…

Ѓорѓиевски: Мостот на „Љубљанска“ во функција до…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Претседателот…