Автомобил со македонски регистарски таблички учествувал во сообраќајна несреќа во Албанија

t

Автомобил со македонски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна несреќа, што се случила кај албанскиот град Либражд, кој е во близина на преминот Ќафасан, кај Струга.

– Во автомобилот со скопски регистарски таблички се наоѓало четиричлено семејство, при што со полесни повреди се здобиле родителите. Укажана им е лекарска помош во хируршкото одделение во Регионалната болница во Елбасан и се надвор од животна опасност, објавија албанските медиуми.

Несреќата се случила во 12:40 часот кај месноста Мураш, на патниот правец Либражд – Елбасан, кога дошло до директен судар на комби возило и автомобилот.

Несреќата се случила на делница од патот кој се реконструира, каде е поставен семафор за регулирање на движењето. Едно од возилата не го почитувало семафорот, судирајќи се со другото возило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил со македонски регистарски таблички учествувал во…

Автомобил со македонски регистарски ознаки учествувал во…

Во пожарите во Албанија изгореле 29.000 хектари…

Системот за сателитски мониторинг на Европската Унија…

„Албанија горда“, напиша Рама откако аеродромот во…

Неколку години по ред бројот на патници…

Албанија ќе ги награди со по 50…

Албанската влада одлучи парично да ги награди…

Албанија ја зајакнува соработката со САД на…

Албанија и САД продолжуваат да ја зајакнуваат…