Објавено на:

Фон дер лајен: Украина се движи со „неверојатна брзина“ кон ЕУ

t

Украина „се движи со неверојатна брзина кон членство во Европската унија“, нагласи претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во денешна видео изјава.

Во краткото видео објавено до Х по повод денот на независноста на Украина, фон дер Лајен рече: „Европа секогаш ќе биде на страната на Украина бидејќи Украина е Европа. Вашата слобода е наша слобода. Вашата безбедност е наша безбедност“.

„И сега се движите со неверојатна брзина кон пристапување во Европската унија. Ние стоиме со вас од првиот ден и ќе продолжиме да го правиме тоа онолку долго колку што е потребно “.

Украина стана официјален кандидат за членство во ЕУ во јуни 2022 година, четири месеци по целосната инвазија на Русија на земјата и нејзиниот неуспешен обид да ја собори владата во Киев.

Првиот круг од официјалните пристапни преговори се одржа во јуни оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: „Ќе се обидат да ме убијат,…

Александар Вучиќ денеска изјави дека новата власт…

Карни ја поддржа идејата за средба на…

Канадскиот премиер Марк Карни во средата даде…

Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…

Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…

Франција потврди присуство на свои војници во…

Француски воени припадници веќе неколку месеци се…

Иран тврди дека има загинати и ранети…

Иранските сили извршиле напади со беспилотни летала…