Еден полицаец е повреден во експлозија пред синагога во Франција
Еден полицаец е повреден во експлозија пред синагога во Jужна Франција што се случила денеска наутро, изјави портпаролот на жандармеријата.
Никој во синагогата во Ла Гранде-Мот на медитеранскиот брег во близина на Монпелје не е повреден.
Портпаролот на жандармеријата, дел од вооружените сили одговорен за внатрешна безбедност во некои области, првично не можеше да каже ништо за мотивот или дали станува збор за антисемитски напад.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на социјалната мрежа Икс објави дека обидот за опожарување на синагогата е „очигледно кривично дело“. Тој ги увери своите еврејски сограѓани и заедницата дека ја имаат неговата целосна поддршка. „Мобилизирани се сите средства за пронаоѓање на сторителот“, изјави Дарманин.
Најпрво пред синагогата биле запалени два автомобили, а во едно од возилата експлодирала плинска боца. Запалени се и две врати од синагогата. Сепак, не е јасно дали тоа се случило пред или по експлозијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…
Двајца припадници на Армијата се повредни по…
Трамп му се потсмева на Путин: Реши…
Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…
Лефков: 2 милиони денари за споменик за…
Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…