Ама не пријавил – Мицкоски: Врз мене имаше обид за поткуп за пругата од Коридорот 8

t

Преку комуникациски канали врз премиерот Христијан Мицкоски изминатиот период имало обид за понуда на поткуп со цел да се добие неговата согласност за тендерската документација за коридорот 8. Веста ја сподели лично, премиерот Мицкоски на денешната прес конференција во Владата.

„За Коридорот 8, секцијата 3, пругата, врз мене имаше обид да ми биде понуден поткуп со којшто јас, како претседател на Владата, би потпишал прифаќање на оваа тендерска документација која што истекува на 17 септември и кажав дека сѐ додека сум јас претседател на Владата, овој тендер, којшто е тековен и завршува на 17 септември, нема да го прифатам“, рече Мицкоски.

Прашањето кое останува неодговорено е зошто Мицкоски слуачајот не го пријавил на надлежните органи, зошто лицето кое му го понудило поткупот не е во затвор и зошто до сега не откри јавно дека имало случај во кој му бил нуден поткуп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…

Според АФП и државните медиуми на Иран,…

Лисици низ Скопје во близина на Водно…

Во последните неколку дена се појавија видеа…

Обвинение и притвор за лице кое физички…

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…

СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…

Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…

„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…

На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…