Падна веб-страницата на Влада, оттаму велат дека се под константни хакерски напади
Веб-страницата на Владата на Република Северна Македонија не функционира, односно таа е падната и е недостапна за јавноста.
„Веб-страницата наиде на неочекувана грешка. Обидете се повторно подоцна“,стои во пораката која се појавува.

На прашање од 360 Степени до Владата, зошто страницата не функционира, дали станува збор за технички проблем или пак за хакерски напад, ни одговорија дека интернет страницата на Владата е под константни хакерски напади.
„Интернет-страницата на Владата е под константни хакерски напади. Една од главните причини е слабата заштита наследена од претходно, иако биле потрошени десетици илјади евра. По констатирање на состојбата и увидување на проблемот, се работи на надминување на проблемот со цел страната на Владата да биде соодветно заштитена, соодветно и интернет-страниците на сите министерства“,ни одговорија од Влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Остра порака од Сеул до Киев: Јужнокорејскиот…
Јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг упати остри критики…
Грчки митрополит и научниците: Договорот за Цар…
Базиликата Свети Ахил во Мала Преспа каде…
Каранфилова – Пановска: Фон дер Лајен потврди…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Г7 ќе ослободи 100 милиони барели од…
Лидерите на Г7 договорија координирано ослободување на…
Ќе има ли амфибиска операција на САД…
Амфибиската група „Макин Ајленд“, со 13-тата експедициска…