Ристовски: Да се укине државната помош за спортисти кои рекламираат казина и обложувалници
Да им биде прекината помошта што ја земаат од државата спортистите кои рекламираат казина и обложувалници, затоа што е недостојно за кој било спортист да го прави тоа, вели министерот за спорт Борко Ристовски во интервју за „Рес Публика“.
Појавувањето на истакнати македонски спортисти во рекламни кампањи на обложувалниците и казината предизвика жестоки реакции во јавноста, а Ристовски вели дека е „доволно“ и дека е потребно да се воведе ред.
„Се однесува и на рекламирањето на обложувалници, се однесува и на недостојно однесување, генерално, на сите претседатели коишто се однесуваат така, на нивното работно место и надвор од него. Мора да создадеме градација, да кажеме дека дотука е доволно, а на сите оние коишто добиваат државна помош и притоа рекламираат казина и обложувалници да им биде прекината помошта што ја земаат од државата, затоа што мислам дека е недостојно за кој било спортист да рекламира спортски обложувалници“, вели министерот Борко Ристовски во интервјуто за „Рес Публика“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…