Објавено на:

Британија испраќа осуденици во Естонија поради пренатрупаноста во затворите

t

Британските осуденици може да бидат испратени во Естонија откако бројот на затвореници во Англија и Велс достигна рекордни 88.350 по немирите во земјата предизвикани од убиствата во Саутпорт во јули.

Естонската министерка за правда Лиза Пакоста рече дека има доволно места во естонските затвори и ќелиите се достапни за изнајмување доколку на Британија и треба помош за да се справи со кризата.

Според Пакоста, шемата би можела да биде вредна 25 милиони фунти за Естонија, а Велика Британија и Шведска, наводно, веќе разговараат за испраќање затвореници во балтичката земја, пишува Мирор.

Половина од местата во затворите се празни. И точно е дека на владиниот кабинет му дадов меморандум за дискусија, да се избере насоката на решението – рече министерката.

Ова доаѓа откако британските власти апелираа до судиите да не испраќаат луѓе осудени за злосторства од ниско ниво во затвор и предложија предвремено ослободување на некои затвореници за да се реши проблемот со пренатрупаноста во британските затвори.

Англија и Велс пријавија 88.350 затвореници во петокот, што е најголем број од 2011 година, по бранот немири што избувнаа во Британија по убиството на три девојчиња во Саутпорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…

Две години жителите во зграда на булевар…

Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…

Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…

Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…

Горивата се берзански производ на кој не…

Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…

Откако израелската армија нападна ирански цели во…

Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…

Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…