Објавено на:

НА 500 КИЛОМЕТРИ ОД МОСКВА: Русија распореди крстостувачки ракети на нуклеарен погон?

t

Двајца американски истражувачи тврдат дека во Русија го откриле веројатното место на разместување на новите руски крстосувачки ракети на нуклеарен погон – 9М370 „буревестник“, јавува Ројтерс. Сателитски снимки на компанијата Планет лабс направени на 26 јули сугерираат дека на складиште за нуклеарни боеви глави кое се наоѓа на околу 500 километри северно од Москва се започнати градежни работи.

Според некои проценки, „буревестник“ би можел да има дострел од околу 23.000 километри.

Аналитичар на истражувачката и аналитичка организација ЦНА прегледал сателитските снимки на Планет Лабс и идентификувал девет хоризонтални лансирни рампи во изградба.

Тие се сместени во три одвоени групи, за да се заштитат од напади или да спречат случајна детонација во една од детонација на проектилите во другите групи.

За техничките детали на „буревестник“ малку се знае. Експертите проценуваат дека малата ракета на цврсто гориво би се лансирала со уфрлање воздух во моторот кој има минијатурен нуклеарен реактор. Во тој момент, од ракетата би излегол прегреан и веројатно радиоактивен воздух, за да обезбеди потисок.

Дали е „буревстник“ само политичко оружје на рускиот лидер Владимир Путин? Ракетата беше најавена во 2018 година. Тогаш Путин реч дека таа ќе лета ниско, со речиси неограничен дострел, непредвидлива траекторија и дека ќе биде непобедлива за сегашната и идната воздушна одбрана.

Распоредувањето на „буревестник“ не е забрането со договорот Нов СТАРТ, последниот руско-американски договор кој го ограничува распоредувањето на стратегиското нуклеарно оружје, кој истекува во февруари 2026 година.

Заменик министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков кажа дека Русија ќе ги измени своите насоки за употреба на нуклеарно оружје, како одговор на, како што кажа, „западната ескалација во војната во Украина“, пренесува ТАСС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НА 500 КИЛОМЕТРИ ОД МОСКВА: Русија распореди…

Двајца американски истражувачи тврдат дека во Русија…

(Видео) Апасиев: Mожам да заклучам дека демохристијанскиот…

Штипјани викаат „жалче ме фаќа“ кога гледам…

Tрамп: Aмерика е болна и расипана, бог…

Поранешниот американски претседател и претседателски кандидат, Доналд…

Албанец од Косово уапсен во Турција, носел…

Турската полиција денеска уапси Албанец од Косово,…

Русите имаат нова цел во Украина –…

Руските сили нападнаа пруги во регионите Суми…