Договарале рабат и од 40 проценти, утврдени 26 нефер трговски практики

t

Досега се утврдени 26 случаи на нефер трговски практики во договори меѓу производителите, добавувачите и трговците поради големите проценти на рабат и до 40 oтсто, кои влијаат на крајната цена на производот, а тоа го плаќаат граѓаните, изјави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески кој се сретна со стопанственицте во пресрет на стапувањето во сила на Законот за нефер трговски практики на 28-ми овој месец.

-Во досегашните договори меѓу производителите, добавувачите и трговците, има екстремно високи проценти на договарање и рабат – дури и до 35 и 40 насто и сето тоа крајно ги оптоварува производот и крајниот потрошувач, граѓаните. На ваков начин од дел трговци, производителите, некако се и уценувани. А поради тоа производителите мораа да ги зголемат цените за да имаат исплатливост – вели Ристески.

Според одредбите од Законот за нефер трговски практики, може во одредени периоди во годината да има поголем рабат од 10 проценти, поради акции, но тој процент нема да се надминува на годишно ниво.

-Овој закон мислам дека ќе биде од голема важност и е прв закон во југоисточна Европа, со кој ќе бидат регулирани овие односи и мислиме дека крајниот ефект на реализацијата и имплементацијата ќе се одрази и на цената на производите, а најголем бенефит, секако, ќе имаат крајните потрошувачи. Листата на земјоделски, прехранбени производи е составена од околу 2 540 производи. Овој закон е донесен во консултација со работодавците, со стопанските комори, со Здружението за земјоделски и прехранбени производи и, секако, во консултација со другите релевантни министерства – објаснува за МИА заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договарале рабат и од 40 проценти, утврдени…

Досега се утврдени 26 случаи на нефер…

Задолжувањето од Унгарија помина на владина седница

Законот за кредитот што Македонија треба да…

Раст на БДП и вработеноста во ЕУ…

Бруто-домашниот производ во Европската унија како и…

Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …

„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…