Апасиев оствари официјална средба со Кубанската амбасадорка
Денес, 13 септември 2024 година (петок), претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, заедно со пратеникот Амар Мециновиќ, остварија работна средба со нерезидентната амбасадорка на Република Куба, Н.Е. Мариета Гарсија Хордан, соопштија од партијата.
– На оваа прва официјална средба, која се одржа во т.н. Струшка соба во Собранието на Република Македонија, се разговараше за повеќе актуелни теми од билатерално и мултилатерално значење, а меѓудругото стана збор за: историските врски помеѓу Македонија и Куба во Движењето на Неврзаните, сегашните потешкотии со кои се соочуваме и можноста за идна соработка.
Амбасодорката Хордан и нејзината придружба информираа за овогодишното поднесување на Резолуцијата во Обединетите Нации за подигање на нечовечкото ембарго наметнато од САД, кон крајот на октомври и за меѓународната иницијатива за декларација за симнување на Република Куба од американската листа на ,,држави кои поддржуваат тероризам”. Пратениците на Левица ќе се приклучат кон оваа резолуција.
Пратеникот Апасиев ја истакна солидарноста помеѓу нашите држави во минатото и повторно ја нагласи насилната промена на уставното име против волјата на народот за влез во НАТО, како и ембаргото од 90-те од нашиот јужен сосед – две ситуации со кои се соочила Република Македонија, а низ кои ни се отсликува и борбеноста на Република Куба која со децении е под блокади од својот сосед и под империјалистички притисок кој го потиснува кубанскиот интерес.
На средбата се дискутираше и за воспоставување на директна соработка помеѓу Левица и Комунистичката Партија на Куба како идеолошки сродни партии. Од заедничкото минато во Неврзаните, до денешната борба против империјализмот – кубанскиот и македонскиот народ стојат рамо-до-рамо во борбата на Глобалниот југ.
Да живее Куба!
Да живее Македонија! – стои во соопштението од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Куба стана земја-партнер на БРИКС
Куба се приклучи на блокот БРИКС како…
Куба снема струја по трет пат, милиони…
Кубанските напори за враќање на струјата на…
Апасиев оствари официјална средба со Кубанската амбасадорка
Денес, 13 септември 2024 година (петок), претседателот…
(Видео) Руски бродови вооружени со ракетите „Циркон“…
Одредот на бродови на руската северна флота,…
Руски воени бродови пристигнуваат на Куба
Група руски воени бродови, вклучително и подморница…