Левица: Таравари да каже колку пари чинат новите советници кои претходно биле економски директори
По реакцијата на Левица против владеењето на кланот МЕМЕДИ на Детска Клиника, министерот за здравство – Арбен Таравари се обиде да го оправда ангажирањето на поранешните економски директори како „советници“ во клиниките, нарекувајќи го тоа „личен избор“ на директорите. Но, ова не ги одговара клучните прашања: колку пари ги чинат граѓаните овие нови советници и зошто се потребни лица што веќе биле дел од систем кој требаше да се рационализира, прашуваат од Левица.
„Левица се бори против непотизмот, партизацијата и нерационалното трошење во здравството, а овој случај е токму класичен пример на сето тоа. Именувањето на поранешните економски директори под нови „консултантски“ договори само го продолжува непотизмот во здравствениот систем, каде партиски блиски луѓе (наместо да бидат тргнати поради злоупотреби и неефикасност), се рециклираат на нови позиции. Потсетуваме дека директорот на Детска клиника, Реџеп Мемеди, го ангажираше поранешниот економски директор, Алајдин Мемеди, во клиниката од која е тужен поради де факто – кражба преку исплаќање плата на себе, повисока од законската!
Таравари може да изјавува дека не е негова надлежност да се меша во изборите на директорите, но јавноста има право да знае колку овие „советници“ го чинат буџетот и зошто се потребни ако веќе функцијата на економски директор е укината. Дали ова е вистинската рационализација за која говореше Владата? Левица бара – министерот Таравари да престане со манипулациите и злоупотребата на државните средства преку непотистички и партиски именувања во здравството, што директно го чувствуваат граѓаните преку натамошно уништување на условите во јавното здравство“, велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сателитски снимки покажуваат огромен пожар во близина…
Голем пожар и густ црн чад се…
Иран лансираше противбродски балистички ракети од југот…
Иран вечерва лансираше противбродски балистички ракети од…
Ирански медиуми неколку часа пред инцидентот предупредиле…
Само неколку часа пред денешниот сериозен авијациски…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Хоџа: Безбедноста на животната средина бара силни…
Министерот за животна средина и просторно планирање,…