Братучедот на Меџити ќе потроши 18.000 евра за за тревник, цвеќиња, листопадни и зимзелени садници

t

За уредување, засадување, одржување тревник пред влезот на МЕПСО како и за зимзелени и листопадни садници, систем капака по капка и цвеќиња државната компанија за една година ќе потроши речиси 18.000 евра

Новиот генерален директор на МЕПСО Бурим Латифи потпиша договор за набавка во неговиот мандат во државниот електропреносен систем – оператор

Станува збор за хортикултурно уредување на просторот пред деловната зграда, но и за набавка на зимзелени садници и цвеќиња за внатрешна декорација на централата на МЕПСО.

Тендерот го добила фирмата „Розен Центер“ од селото Стримница од општината Желино близу до Гостивар.

Набавката ја добива компанијата Розен Центар ДООЕЛ Струмица, за која нема многу податоци освен дека како сопственик е наведен Мумин Рушити и дека компанијата има пет вработени.

Договорот е потпишан од директорот Бурим Латифи.

Инаку Латифи е прв братучед на Изет Меџити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗР утврди низа неправилности во МЕПСО, дури…

Утврдени се неправилности во управувањето со имотот,…

ДУИ: Бурим Латифи ја призна штетата од…

Вчерашните изјави и постапки на директорот на…

ДУИ објави договор: Бараат итна истрага за…

Денес објавуваме еден од договорите што јасно…

ДУИ бара итна истрага за Бурим Латифи…

Демократската Унија за Интеграција бара итна истрага…

Избрана компанија за изградба на далекуводот што…

„Со овој чекор, компанијата официјално го рестартира…