Објавено на:

(Видео) Полскиот премиер: Ако видите германски војници, не паничете, дојдоа да помогнат

t

Најлошите поплави што ја погодија централна Европа во најмалку две децении оставија трага на уништување од Романија до Полска, со кал и урнатини во градовите, уништени мостови, потопени автомобили и оставајќи ги властите и луѓето со сметки за штети кои ќе се мерат во милијарди долари, пишува агенцијата Ројтерс.

Градовите јужно од Вроцлав, како што е Левин Брзески, веќе ја почувствуваа целата сила на поплавите, принудувајќи ги жителите да минуваат низ водата до половината или да бараат засолниште на покривите на влезовите на станбените блокови.

Германија се понуди да им помогне на Полјаците. Тоа беше можност за примеси на хумор во инаку незавидна ситуација. Така полскиот премиер Доналд Туск на хумористичен начин го најави доаѓањето на германски доброволци и војници, кои ќе им помогнат на Полјаците во санирањето на последиците од поплавите.

„Ако видите германски војници, не паничете. Тие дојдоа да помогнат“, рече тој.

Инвазијата на Полска од страна на германските војници на 1 септември 1939 година се смета за почеток на Втората светска војна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полскиот премиер: Ако видите германски војници,…

Најлошите поплави што ја погодија централна Европа…

Бугарија лута по изјавите на Александар Николоски:…

Лавина реакции во Бугарија предизвикаа изјавите на…

Над 1.000 луѓе евакуирани поради невремето во…

Реката Сенио се излеа во населбата Кастел…

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ ВРЗ НЕТАНЈАХУ: Израел тврди дека…

Иран планирал атентат врз изралескиот премиер Бенјамин…

Млада струмичанка нападнала 50-годишен маж во Аеродром

Дваесет и двегодишна девојка од Струмичко со…