Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот

t

Русија е целосно спремна за конфликт со НАТО на Арктикот, предупреди министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

-Гледаме дека НАТО ги засилува вежбите поврзани со можна криза на Арктикот – кажа Лавров. -Нашата земја е целосно спремна да ги брани своите интереси воено и политички.

Арктикот е најсеверната точка на Земјата и вклучува територија на осум земји: Норвешка, Шведска, Финска, Данска, Канада, Соединетите Американски Држави, Исланд и Русија. Сите земји освен Русија се членки на НАТО.

Финска во април минатата година влезе во западниот воен пакт како реакција на конфликтот во Украина, а Шведска го направи истото во март оваа година.

Лавров истакна дека „Арктикот не е територија на Северноатлантската алијанса“ и додаде дека други земји, како Кина и Индија, имаат интереси во тој регион. Еден од највисоките руски дипломати минатата година изјави дека Финска „прва би настрадала во случај на конфликт на НАТО и Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…

Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…

(Видео) Вулин се јави од Москва, негира…

Александар Вулин пристигна во Москва, каде што…

(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…

Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…

НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…

Нов бран пријави за бомби и сомнителни…

Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…

Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…