Објавено на:

Иранската револуционерна гарда соопшти дека 12 лица се уапсени за соработка со Израел

t

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека 12 лица се уапсени поради соработка со Израел и планирање акции против безбедноста на Иран.

-Бидејќи ционистичкиот режим и нивните западни сојузници, особено Соединетите Американски Држави, не успеаја во своите зли цели против народот на Газа и Либан, тие сега се обидуваат да ја прошират кризата во Иран со серија планирани акции против безбедноста на нашата земја, се вели во соопштението.

Револуционерната гарда додаде дека членовите на мрежата од 12 оперативци биле уапсени во шест различни ирански провинции, но не соопштија кога.

Тензиите на Блискиот Исток се зголемија откако илјадници пејџери и воки-токи користени од членовите на либанскиот Хезболах експлодираа во напад за кој нашироко се верува дека е дело на Израел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…