„Ви благодариме за помошта“: Вучиќ го одликуваше претставникот на Руската Федерација во ОН со Орден
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Њујорк му го врачи орденот Српско знаме од прв степен на постојаниот претставник на Руската Федерација во Обединетите нации, Василиј Небензја, пренесува Блиц.
Амбасадорката Ана Јевстигнеева, заменик постојан претставник на Руската Федерација во ОН, како и амбасадорката Марија Заболотка, заменик постојан претставник на Руската Федерација во ОН, беа одликувани со Орден на српско знаме од втор степен.
„Уште еднаш сакам да ви се заблагодарам за пријателските односи што ги развиваме, за помошта што ни ја дадовте овде во Њујорк, за време на дискусијата за Резолуцијата за геноцидот во Сребреница. Се надевам дека ќе можеме дополнително да ја зајакнеме соработката меѓу нашите народите и нашите земји на ниво на кое сите ќе бидеме задоволни“.
„Ви благодарам уште еднаш, беше многу тешка работа, многу ја ценам и секогаш можете да го очекувате истото од нас. Ви посакувам успех и се најдобро, ова беше голема чест за мене“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Вучиќ во наредните денови ќе им додели награди на сите оние кои и помогнале на Србија во врска со резолуцијата за Сребреница, пренесуваат српските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осомничениот за атентат на Трамп оставил морничава…
Човекот осомничен за обид за атентат на…
„Ви благодариме за помошта“: Вучиќ го одликуваше…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во…
Галант: Илјадници ракети на Хезболах се уништени…
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вечерва…
КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Преподобна Теодора
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска…
ДЕНЕСКА Е ПРЕП. ТЕОДОРА: Мажот дојде на…
Денеска е 11 септември (по стар стил)…