Еpдоган побаpа од ОH да yпотребат cила пpотив Изpаел
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во говорот пред Генералното собрание на ОН ги повика Обединетите нации да воведат присилни мерки против Израел, вклучително и самата употреба на сила.
Ердоган реагираше на нападите на Израел врз Либан и цели на Хезболах кои почнаа вчера и направи неколку споредби со Втората светска војна.
„Како што Хитлер беше запрен од сојузот на човештвото, така и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата мрежа на убиства мора да бидат запрени од сојузот на човештвото“, рече Ердоган.
Тој ги обвини САД дека продолжуваат да го вооружуваат Израел за да можат да продолжат со масакрите додека јавно се преправаат дека повикуваат на прекин на огнот.
„До кога ќе можете да го поднесувате срамот да бидете сведоци на овој масакр? Земјите кои го поддржуваат Израел се отворено соучесници во овој масакр“, им порача Ердоган на САД и на западните сојузници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…
Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…
Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…
Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…
Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…
Двајца израелски војници се убиени во Јужен…