Објавено на:

Чешка: Десничарите-популисти на милијардерот Бабиш ја потврдија изборната победа

t

Популистичката опозициска партија АНО, предводена од поранешниот премиер Андреј Бабиш, освои најмногу места на дополнителните избори за чешкиот Сенат.

Вториот круг од изборите се одржа денеска, а по пребројувањето на гласовите беше потврдено дека АНО освоила вкупно осум мандати, што е зголемување за седум пратенички места.

Партијата АНО, предводена од милијардерот Бабиш, веќе извојува чиста победа на регионалните избори пред една недела. Партијата соработува на ниво на ЕУ со унгарската Фидес и Партијата на слободата на Австрија (FPÖ).

Изборите се сметаа за важен тест за расположението на гласачите пред изборите следната година за долниот, Претставничкиот дом, поважниот од двата парламентарни дома. Третина од 81 место во Сенатот се избираат на секои две години. Сенатот, заедно со Претставничкиот дом, врши законодавна улога и може да ги блокира уставните измени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чешка: Десничарите-популисти на милијардерот Бабиш ја потврдија…

Популистичката опозициска партија АНО, предводена од поранешниот…

(Видео) Се активираа сирените во Ерусалим по…

Сирените за воздушен напад се огласија на…

Филипче: Бошњачката заедница е нераскинлив дел од…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко…

Халеви: Израел ќе посегне до секој што…

Началникот на Генералштабот на израелските вооружени сили…

Честитки… Следната недела, предлог законот за правична…

Додека балансерот останува замрзнат од Уставниот суд,…