Спасовски: Очекувам ДУИ да стане дел од Владата
„Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е поставена на многу добри односи. Мене нема да ме изненади и за очекување ми е во следниот период ДУИ да биде сигурно дел од Владата“, вели во интервју за РСЕ координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.
– Неретко ДУИ и помага на ВМРО-ДПМНЕ, а не дека СДСМ излегува неретко со ставови. Ние само ги гледаме потезите кои се влечат во Собранието во овој период. И врз основа на тоа што се прави, ние излегуваме со ставовите. Вие се сеќавате дека премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по завршување на изборите и формирањето на владата дека ДУИ е минато во македонската политика и за ништо не се прашува и да одлучува. Ако сакате еден дел од македонските граѓани дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ токму поради ваквиот пристап кон ДУИ. Дека тоа е партија која е целосно дефакторизирана. А ние во суштина имаме формирање на влада, дури и пред да се формира, веднаш имавме прва успешна средба и соработка или преговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои се одвиваа во законодавниот дом, а се однесуваа за поддршка на Законот за организација на органите на државната управа.
Вториот пат е гласањето за Законот за локална самоуправа кој треба да се донесе со двотретниско мнозинство, кое е целосно го девастира уставниот поредок во државата. Како партија, СДСМ е секогаш отворена за соработка за прашања од интерес од државата. За многу од прашањата ќе најдеме заеднички јазик, за многу може нема да се усогласиме бидејќи има причини, дали се идеолошки, економски, политички, но дебата треба да има и треба да се разговара, вели Спасовски.
Целото интервју прочитајте го на: РСЕ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…
Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…
ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со…
Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста…
ДУИ: Поминаа 24 часа – ВРЕДИ се…
„Поминаа 24 часа од барањето за предвремени…
ДУИ: Да одиме на избори
„Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста…
ВЛЕН: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар…
Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…