Владата ќе забрани обложување и во странски обложувалници!

t

Пасионираните „кладилничари“ во иднина ќе мора да се префрлат исклучиво на пишување ливчиња со физичко присуство на обложувачките места, откако Владата денеска најави забрана за обложување и на странските обложувалници.

Ова е само продолжување на мерката за забрана за „коцкање“ преку платформите на интернет, со оглед што во изминативе десетина дена беше донесена одлука за одземање на лиценците на домашните обложувалници кои работеа онлајн.

„Разговараме кои се начините за забрана на странски домеини коишто се присутни на македонскиот пазар, а коишто приредуваат нелегално игри на среќа. Треба да најдеме методологија како да ги забраниме овие веб-страници во Македонија затоа што нивната нелегалност е јасна“, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Според министерот, станува збор за стотина странски веб страници, но додава дека најкористени во земјава се две.

„Во првата фаза ќе треба да се работи со овие 100, но тоа ќе биде континуиран процес. Не може да се направи еднаш засекогаш, туку постојано ќе треба да се ажурира оваа листа“, дополни министерот Андоновски.

Дел од македонските онлајн-обложувалници веќе ги информираа своите играчи дека прекинуваат со работа додека повторно не ја добијат лиценцата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе забрани обложување и во странски…

Пасионираните „кладилничари“ во иднина ќе мора да…

Чкембари удрија по Ангеловски: Да имаше образ…

Екипата на Пелистер со големи очекувања влезе…

Македонски енергетски експерти: Војната меѓу Израел и…

Македонија нема да остане имуна на последиците…

(Видео) НЕРЕАЛНИ СЦЕНИ ВО ШАНГАЈ, КИНЕЗИТЕ ВО…

Новак Ѓоковиќ во Шангај доби добредојде достојно…

ХРВАТСКИ ВОЈНИЦИ НЕМА ДА ОДАТ ВО УКРАИНА…

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ одби да даде…