Водата во Гостивар повторно не е безбедна за пиење
Од ЈП „Комуналец“, претпријатието кое раководи со водоснабдувањето во Општина Гостивар, поплaднево преку известување соопштија дека водата не е безбедна за пиење.
Во последниве десетина дена ова е втора препорака да не се користи водата од системот за водоснабдување.
Според првичните информации, до загадување на водата дошло од последните врнежи.
– Поради контаминација предизвикана од обилните врнежи, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење. До натамошно известување, избегнувајте нејзино консумирање, стои во известувањето од ЈП „Комуналец”.
Од претпријатието наведуваат дека се работи на решавање на проблемот и до подобрувањето на состојбата ќе има соопштение штом водата биде безбедна за потрошувачка.
Минатиот четврток беше објавено дека во водата од градскиот водовод биле откриени колоформни бактерии и ешерихија коли, а според в.д. градоначалникот, тие резултати биле од анализи направени неколку пред воведувањето на забраната. По неколку дена, состојбата се стабилизира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Водата во Гостивар повторно не е безбедна…
Од ЈП „Комуналец“, претпријатието кое раководи со…
Aпасиев се сретна со рускиот амбасадор: Левица…
ПРАТЕНИЦИТЕ НА ЛЕВИЦА ОСТВАРИЈА СРЕДБА СО РУСКИОТ…
Вучиќ: Доволно е БиХ да ни каже…
рбија е подготвена на секој начин да…
Колинда: Повикувам на итна меѓународна помош за…
Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ на Фејсбук…
Болницата плодност се збогува со своите колеги
КОМЕМОРАТИВЕН НАСТАН ВО БОЛНИЦА ПЛОДНОСТ ЗА ТРАГИЧНО…