Украинците соопштија дека собориле тежок руски борбен дрон
Украинските сили објавија дека собориле тежок руски борбен дрон, додека Руските сили постигнуваат напредок во источна Украина.
Рускиот дрон Су-70 бил соборен во близина на градот Константинивка, во областа Доњецк, изјави шефот на воената администрација на градот, Сергиј Горбунов, за украинската јавна телевизија.
Објавените фотографии прикажуваат остатоци од дронот, откако се урнал врз куќа, предизвикувајќи пожар.
Од своја страна, руските сили објавија дека го зазеле местото Желане Друе, исто така во Доњецката област. Тоа значи дека руските сили постигнуваат нов успех само три дена по ставањето под контрола на на градот Угледар, кој се наоѓа на околу 33 километри оддалеченост, каде што повеќе од две години се водеа жестоки борби.
Загубата на Угледар укажува на влошувањето на позицијата на украинската армија ширум фронтот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Рубио: Русија и Украина се заинтересирани за…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
ЕУ отпушта 3 милијарди евра за Украина…
Амбасадорите на земјите од ЕУ потврдија дека…
Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…
Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…