Објавено на:

Израелската ПВО: Пресретнавме две ракети истрелани од Либан кон областа јужно од Хаифа

t

Израелските сили за воздушна одбрана денеска објавија дека пресретнале две ракети лансирани од Либан над регионот Кармел јужно од Хаифа, во Северен Израел.

Сирените се огласија во северната крајбрежна област на Израел, вклучувајќи ги Цезареја и Зихрон Јаков и блиските градови јужно од Хаифа, објави утринава Тајмс оф Израел.

Засега нема извештаи за повредени или за материјална штета.

Нападот утринава се случи еден ден откако војската соопшти дека Хезболах истрелал 180 проектили кон Израел, главно кон Хаифа.

Во неделата, за прв пат од почетокот на војната, беа лансирани либански проектили кон Хаифа, при што беа повредени најмалку десет лица, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата најави ново задолжување од 700 милиони…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…

Акиов и се извини на службеничката за…

По насилниот инцидент на денешната седница на…

Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…

45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…