Исник Алими е играч на натпреварот против Ерменија
Фудбалската репрезентација на Македонија вчера славеше победа против Ерменија и така на најдобар можен начин го заврши октомврскиот циклус.
Македонија има 10 бода и е на првата позиција, додека Ерменија и Летонија имаат по четири. Фарските Острови освоија три бода.
Наш најдобро оценет играч во вчерашниот натпревар беше играчот од средниот ред Исник Алими кој го одигра својот најдобар натпревар откако е во репрезентацијата.
Алими доби оценка 8.8 и таа ја заслужи со голот за потврда на победата и асистенцијата за Бојан Миовски. Зад него беше голманот Столе Димитриевски со 8.0.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…