Горивата поскапуваат за 2 до 2,5 денари

t

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,69 % во однос на одлуката од 10.10.2024 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит. Малопродажните цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,473 ден/кг и сега ќе изнесува 44,507 ден/кг.

Од 15.10.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 78,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,507 (денари/килограм)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добра вест: Горивата поевтинуваат за два денари

Цената на горивата од ноќеска на полноќ…

Дизелот поефтинува за 2,5 денари, од полноќ…

Регулаторната комисија донесе одлука со која се…

Поскапуваат бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…

Добра вест: Поевтинува дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука за…

Се зголемуваат цените на горивата во Македонија

Се зголемуваат цените на нафтените деривати, соопштија…