Бугарскиот дел од тунелот кај Деве Баир ќе биде готов до 2030 година

t

Најдоцна до 2030 година целосно ќе биде завршен тунелот од бугарска страна долж Коридорот број 8, изјави бугарската министерка за транспорт Красимира Стојанова во емисијата „Брисел 1“.

Таа истакна дека тоа повеќепати им било кажано на властите во Скопје, вклучително и на средбата на 16 октомври во Брисел, на која присуствуваа експерти на ЕК и претставници на Софија и Скопје на ниво на заменици министри, како и финансиските институции ЕИБ и ЕБОР.

На оваа средба Бугарија и Република Северна Македонија ја потврдија посветеноста на изградбата на Коридорот бр. 8, соопшти ЕК, изразувајќи го своето задоволство.

Неполн ден потоа, македонскиот вицепремиер и министер за транспорт, Александар Николоски изјави дека проектот за Коридорот бр. 8 ќе мора да се промени, бидејќи нема договор од македонска страна за постоечкиот проект и цена.

Премиерот Христијан Мицкоски додаде дека Скопје нема да ја гради третата делница од пругата од Коридорот бр. 8 додека Софија не ја заврши својата половина од тунелот.

„Во однос на поврзувањето на двете граници, Бугарија во моментов ја има изградено целата железничка инфраструктура, оставајќи неизградена една делница од околу 2,5 километри. Нашата земја има обезбедено финансирање за тоа. Техничкиот проект ќе биде готов до крајот на 2024 година, со што нашата земја ќе биде подготвена, најдоцна до 2030 година да ја изгради делницата од Ѓуешево до границата со РСМ. За жал, не гледаме никакви гаранции и јасни рокови кога колегите од РСМ ќе го изградат својот дел во делот од Крива Паланка до граница со Бугарија, изјави бугарската министерка Стојанова.

Бугарската страна изгради дел од прекуграничниот тунел „Деве Баир“ уште во 1948 година, потсети министерката и додаде:

„Значи нивните обвинувања дека Бугарија ништо не изградила, дека Бугарија не е подготвена и затоа нема да ги дадат парите на даночните обврзници, што категорично не одговараат на вистината“.

Таа рече дека е изненадена зошто РСМ зборува за корупциски проекти. Дали некој мисли дека финансиските институции со таква надлежност (ЕИБ и ЕБОР) би инвестирале во коруптивни проекти?“, посочи гостинката и додаде дека за ова нема објаснување.

„Она што не ми е јасно е зошто колегите од РСМ ги лишуваат нивните бизниси, нивните сограѓани да имаат пристап до повеќе пазари, до поголема конкуренција, до побрзо движење“, рече Красимира Стојанова.

На крајот, таа потврди дека Коридорот бр. 8 е приоритет за Бугарија, како и за ЕК и за НАТО и изрази надеж дека проектот ќе биде приоритет и за Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот дел од тунелот кај Деве Баир…

Најдоцна до 2030 година целосно ќе биде…

Бугарите се најнесреќните граѓани на Европската унија

Граѓаните на ЕУ генерално се задоволни од…

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува…

Експертите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја…

(Видео) Објавена невидена снимка од убиениот лидер…

Полковникот Надав Шошани, меѓународен портпарол на израелските…

Израел: Подготвени сме да преминеме во следната…

Израел се чини дека подготвил план за…