Иницијатива струшкиот КПД да стане женски затвор
Министерот за правда Игор Филков и Ардит Мустафаи, новиот директор на КПД Струга покренаа иницијатива овој затвор да се преадаптира во комплетно женски затвор со што осуденичките кои издржуваат затворска казна во Женското одделение во КПД Идризово би се преместиле во струшкиот затвор, додека осудениците од таму би се преместиле во другите затворски установи низ државата. Непостоењето на женски затвор во државава редовно се провлекува во препораките на Европската комисија и во другите меѓународни институции кои се занимаваат со човекови права.
-Како идеја почнавме да ја зборуваме пред некое време и се надеваме на поддршка од сите партнери за да може побрзо да ја реализираме. Капацитети има доволно, треба малку интервенција, реновирање и политичка волја да се измени законот и да се реализира оваа идеја, рече Филков.
Споре директорот Мустафаи, моменталниот капацитет на затворот Струга е 60 легла, но може да се прошири на 7о- до 80 легла.
-Состојбата моментално е таква каква што е. Треба нешто да се интервенира, капацитетите треба да се зголемат и да дојдат до 80 легла. Оваа идеја ни е заедничка со министерот. Мислам дека ќе биде нешто добро за Струга. Местоположбата на затворот е блиску до градот и ќе им се дава можност на жените да ги искористат сите погодности и да работат во градот, со цел истите да бидат ресоцијализирани, рече Мустафаи.
-Состојбите во ниту еден затвор во државата сите македонски затвори не се сјајни, секаде треба да се реновира, додава министерот за правда прашан за моменталните услови во оваа затворска установа од отворен тип и додаде дека за реализација на иницијативата ќе биде потребна согласност од коалиционите партнери во владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Регрутирале за ИСИС, планирале терористички напади: ОЈО…
По неколкумесечна предистражна постапка на јавен обвинител…
(Видео) Во пожар изгоре кровната конструкција на…
Пожар избувна претпладнето во Безистенот во Струга,…
Иницијатива струшкиот КПД да стане женски затвор
Министерот за правда Игор Филков и Ардит Мустафаи,…
Се трага по 60-годишник од Струга –…
На 21.10.2024 во 16.45 часот во ОВР…
Стружани протестираа против отворањето казина и обложувалници
Жителите на Струга се противат на најавите…