Ова се загинатите во железничката несреќа во Нови Сад, најмладата жртва има само 5 години

t

Во трагедијата што се случи во петокот на Железничката станица во Нови Сад, животот го загубија 14 лица.

Меѓу загинатите има и четири деца. Меѓу жртвите има и две девојчиња, една девојка и еден дечко кои тргнале да прослават роденден, додека најмладата жртва има само 5 години. Меѓу 14-те загинати има и маж од Македонија.

Васко Саздовски (45) Македонија

Комар Немања (17) од Степановиќево

Руман Андела (20) од Стара Пазова

Ѓорѓе Фириќ (53) од Ковиље

Фириќ Валентина (9) од Ковиљи

Фириќ Сара (5) од Ковиљи

Адамовиќ Милица (16) од Каќ

Милева Карановиќ (76) од Каќ

Арбутина Ќириќ Сања (35) од Каќ

Хрка Стефан (27) од Белград

Милосављевиќ Милош (21) од Кничанин

Швоња Ѓуро (77) од Степановиќево

Раковиќ Вукашин (69) од Буковац

Раца Горанка (58) од Нови Сад

Меѓу загинатите е и Васко Саздовски (45), научник од Македонија, кој работел во Институтот Биосен во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатичките технологии за земјоделството. Зад себе ги остави сопругата и двете деца

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Засрамете се, останавме без деца… имате ли…

Стојка Иванова-Антова, која во јавност е позната…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

Се урна авион во Канада, има загинати

Во областа на северозападните територии на Канада,…

Дури девет лица се повредени: Детали за…

Девет повредени и едно починато лице е…

Над 13 илјади загинати досега во Појасот…

Бројката на загинатите во Појасот Газа од…