Израел: Повеќе од 60 оперативци на ПФЛП уапсени на Западниот Брег и во Либан

t

Повеќе од 60 оперативци на организацијата Народен фронт за ослободување на Палестина (ПФЛП) се уапсени за време на операции на Западниот Брег и во Либан, соопштија во заедничко соопштение израелската армија (ИДФ) и Шин Бет.

Меѓу уапсените на Западниот Брег била и Абла Садат, претседателка на Здружението на женски комитети на ПФЛП, како и сопругата на лидерот на ПФЛП, Ахмад Садат, кој е во израелски притвор од 2006 година, пишува Тајмс оф Израел. Уапсен е и активистот Тарир Бадран Габер од Рамала.

Израел го прогласи Здружението на женски комитети ПФЛП за терористичка организација.

ИДФ и Шин Бет соопштија дека се уапсени и клучни членови на ПФЛП од Западниот Брег, вклучително и оние кои раководеле со терористички активности, како и оние кои дејствувале на терен. Во соопштението се наведува дека се уапсени и студенти од Западниот Брег кои биле активни членови на групата ПФЛП на универзитетите.

Исто така, биле извршени рации и затворени се канцеларии и бизниси поврзани со ПФЛП, вклучително и печатница која произведувала пропагандни материјали за организацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…

Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…

Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…

Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…

САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…

САД ја продолжија националната вонредна состојба во…

„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…

Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…

Српската полиција уапси шест лица за „планирање…

Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…