Тројца луѓе пронајдени починати на различни локации во Скопје
Тројца починати луѓе биле пронајдени вчера на различни локации во Скопје, соопшти полицијата. Во првиот случај, телото е пронајдено на кејот на Вардар во близина на паркот „Франкофонија“ во центарот на градот.
„Во 09:27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кеј на реката Вардар, во близина на паркот „Франкофонија“, било пронајдено тело на починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“, велат од МВР.
Вториот починат човек бил пронајден на потегот меѓу автопатските клучки за Арачиново и Хиподром.
„Во 13.21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на потегот од клучка Арачиново кон клучка Хиподром било пронајдено тело на починато машко лице. По преземени мерки и извршен увид било констатирано дека се работи за Б.М.(63) од Скопје, за кој на 27.10.2024 беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, соопшти полицијата.
Третото тело било пронајдено нешто подоцна во зграда во Карпош.
„Во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на скали за влез во подрумски простории на подрачјето на Карпош било пронајдено починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција“, пишува во полицискиот билтен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца луѓе пронајдени починати на различни локации…
Тројца починати луѓе биле пронајдени вчера на…
Пронајдено телото на Хасан Насрала
Телото на лидерот на либанското шиитско движење…
Се пребаруваат гробиштата во Злот: Еве каде…
Додека цела Србија се прашува каде е…
Продолжува потрагата по телото на Данка, притвор…
Потрагата по телото на убиената двегодишна Данка…
Заврши обдукцијата, телото на Вања е предадено…
Обдукцијата врз телото на 14-годишната Вања Ѓорчевска…