Агенцијата за филм го поништи конкурсот за финансирање, нема да поддржи ниту еден проект

t

Агенцијата за филм го поништи конкурсот за финансирање проекти за филмови за 2024 година, што значи дека оваа година нема да се снимаат македонски филмови со државна поддршка.

Одлуката за поништување, донесена на 30 октомври, се темели на „неправилности и незаконитости во процесот на спроведување на конкурсот“.

„Конкретниот конкурс се поништува поради тоа што со поведувањето и спроведувањето на истиот се утврди дека постојат неправилности и незаконитости во дејствија“, пишува во одлуката.

Причините за поништувањето вклучуваат ненавремени одлуки за пријавените проекти, кои не беа донесени ниту во април, ниту по продолжениот рок, што е во спротивност со законските рокови.

Исто така, постоеле интерни акти кои не биле усогласени со законите за евалуација на проектите, а имало и нејасности околу роковите и критериумите за пријавите. Поради овие проблеми, Агенцијата оцени дека понатамошното спроведување на конкурсот би било законски спорно, па го поништи во целост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Теологот Асани назначен за заменик директор во…

Несоодветни кадри назначени за директори и заменици…

Најскапата серија на сите времиња „Прстените на…

Објавени се насловот, датумот на емитување и…

(Видео) Нов македонски филм – Творба на…

Група млади луѓе изработија нов македонски филм.…

Ќе се снима документарен филм за Ноле…

Се подготвува документарен филм за Новак Ѓоковиќ…

По филмот, ќе се снима и серија…

По хит филмот „Тома“ кој предизвика бура…