(Видео) Инциденти на депонијата во Кочани: Камиони од соседните општини спречени да истурат ѓубре, закани кон демонстрантите дека ќе добијат кривични пријави!

t

Комунални возила од соседните општини денеска се обидоа да истурат ѓубре на депонијата во Кочани, но кочанчани кои веќе две недели протестираат и чуваат стража на депонијата ги вратија возилата.

Како што велат луѓето кои протестираат добиле закани дека ќе им бидат поднесени кривични пријави.

На 13 ноември има седница на Советот, има консензус дека ќе донесеме одлука дека нема да бидеме послушни кон централната власт, истакна денеска од протестот пред депонијата во Кочани независниот советник во советот на Општина Кочани, Венко Крстевски.

– Постојано ни се закануваат, ќе сме предизвикале епидемија, ќе сме плаќале, ние бараме кочанската депонија да биде само за Кочани, не регионална.

Градоначалникот е најодговорен за ова, кога имавме состанок ние најавувавме дека ќе дојде до ова на Совет, бевме договорени тој да дојде тука и на централната власт да каже дека ова веќе не бива. Пратеникот исто треба да се бори со нас, истакна Крстевски кој порача дека нема да ги фатат кочанчани на кондиција и дека ќе се борат до крај. – истакна тој.

Од ВМРО-ДПМНЕ и претходно се заканија дека ќе се преземат крајни и несакани мерки против луѓето кои протестираат во Кочани.

– Локалните власти се во постојана комуникација со претставници од Министертвото за животна средина и се очекува овие денови претставници на истото да остварат средба со претставници на граѓаните на Кочани кои сеуште го блокираат пристапот до депонијата кај с.Бели.

Доколку разговорите не вродат со плод за жал ќе се превземат крајните и најнесакани мерки да се отстрани блокадата за да може комуналниот отпад непречено да се собира од домаќинствата во општините Виница, Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево. – стои во објавата на Фејсбук на ВМРО-ДПМНЕ Виница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тренчевска: Без грам чувство за семејствата, ВМРО-ДПМНЕ…

Пратеничката на СДСМ остро реагираше за однесувањето…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Коцевски требаше да ги гони и своите…

Адвокатот Звонко Давидовиќ вечерва во „24 анализа“…

СДСМ: Мицкоски да каже за парите од…

Кога наместо да деде одговор на конкретно…