Само во Северна: Претседателот и заменикот на собраниската комисија за надзор над АНБ и АР немаат безбедносни сертификати

t

Информацијата за незаконско именување на директор на Агенцијата за национална безбедност – иницијатива поднесена од опозициските пратеници во Собранието, денеска материјално не беше расправана во собраниската Комисија за надзор над разузнавачките служби.

Самото име на единствената точка на дневен ред, не им се допадна на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Предложија да се дополни дневниот ред со две други точки, а именувањето на Христовски да стане трета точка.

Христовски, инаку присутен во салата број 6 во Собранието, каде се одржа собраниската комисија, не дојде на ред да проговори.

-Не знам која институција утврди дека назначувањето е незаконско, ама сте си зеле за право да ставите ваква точка на дневниот ред. Предлагам прва точка да биде надзор над Агенцијата за разузнавање на 3 декември, а втора точка да биде посета и надзор над Агенцијата за национална безбедност на 16 декември, рече пратеникот Драган Ковачки.

Претседателот на комисијата Скендер Реџепи одговори дека нема да го дополни дневниот ред со ваквите барања, зашто ниту тој, ниту неговиот заменик немале безбедносни сертификати за да вршат надзор над АНБ и АР.

-Треба да имаме сертификат а јас немам. Нема ни мојот заменик. Овие работи ќе ги ставиме на дневен ред кога ќе добијам безбедносен сертификат, рече Реџепи. 

Потоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го укоруваа Реџепи дека Комисијата за надзор над АНБ и АР, не може да биде закочена поради неговото немање сертификат и посочија дека имало случаи кога во цели мандати во минатото пратеници не добивале безбедносни сертификати од некоја причина.

Седницата на Комисијата не ни стигна до материјална расправа. Претседателот Реџепи ја прекина откако одби да ги стави точките на дневен ред.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Христовски не се откажува: Останува во АНБ…

Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан…

(Документи) Фалинки или фалсификати во образованието на…

Во која нормална држава за директор на…

АНБ молчи додека проповедаат верски екстремисти поврзани…

Левица изразува сериозна загриженост за неодамнешниот безбедносен…

ДКСК се уште постапува по пријавите за…

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)…

(Видео) Костовски: Итна оставка од Тошковски, разрешување…

Тошковски наместо одговорност и разрешување на директорот…