Почнува расправата за предлог буџетот за 2025 година
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува расправата за Предлог-буџетот за 2025 година. Седницата, според веб страницата на Собранието, треба да почне во 11 часот.
Владата го усвои Предлог-буџетот на 29 октомври и во него економскиот раст е проектиран на ниво од 3,7 проеценти, буџетскиот дефицит на четири проценти од БДП, а инфлацијата на 2,2 проценти.
Вкупните приходи се планирани на ниво од 358,838 милијарди денари или за 13 проценти повеќе, а порастот се темели на поефикасната наплата и борбата со неформалната економија. Вкупните расходи се на ниво од 400,2 милијарди денари или за 10 проценти повеќе во однос на годинава, а дефицитот е на ниво од 41,350 милијарди денари и номинално е понизок за 3,3 милијарди денари.
Според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, со Предлог-буџетот се поставени темелите за стабилизација на јавните финансии и економскиот раст. Тој содржи политики и мерки за фискална консолидација и дисциплинирано даночно трошење, како и мерки и политики за поттикнување на економскиот раст.
– Со еден збор креиравме Буџет којшто треба да носи вистински развој на државата. Капиталните расходи се на ниво од 50,65 милијарди денари што претставува зголемување за 13 проценти или 6 милијарди денари во однос на ребалансот на Буџетот за оваа година. Токму на ова го темелиме развојот. Дополнително, износот на капиталните расходи е повисок од номиналниот износ на дефицитот. Она што е најважно е дека креираме решенија за да постигнеме вистинска реализација на капиталните расходи и да ја промениме состојбата од минатото. Тука ќе биде нашиот фокус и затоа ја сменивме и политиката. Политиката вели да поддржиме квалитетни проекти и проекти кои можат да се реализираат во брзо време и да дадат импут во економскиот раст, истакна министерката за финансии на прес-конферецнијата организирана по усвојувањето на Предлог-буџетот од страна на Владата.
Во Предлог-буџетот, според министерката, се намалуваат средствата за непродуктивни трошења како што се ставките за мебел и возила, а обезбедени се средства за поддршка на животниот стандард на хграѓаните, односно средства за зголемување на пензиите за 2.500 денари во март за што се предвидени 105 милијарди денари. За исплата на плати обезбедени се 48 милијарди денари во ставката за плати и 2 милијарди денари дополнително во блок дотации за зголемување на платите во образованието, како и пари за поддршка на ранливите категории за кои се предвидени 14,5 милијарди денари, за здравствена заштита 5,2 милијрди денари повеќе или вкупно 53,4 милијарди денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почнува расправата за предлог буџетот за 2025…
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет…
За првпат економијата на Бугарија надмина 100…
За првпат економијата на Бугарија надмина 100…
Просечната нето-плата во август 41.097 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Намалување на цените на бензините и дизелот…
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за…
Курсна листа: Ова е денешната вредност на…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…