Без голови првото полувреме помеѓу Македонија и Фарски Острови
Македонија имаше повеќе од играта и создаде поголем број прилики, но сепак првиот дел од последниот натпревар во Лигата на Нации сезонава против Фарски Острови заврши без погодоци.
Првата прилика на натпреварот Македонија ја имаше по десетина минути игра кога Енис Барди се закани од слободен удар, но шутираше директно во гостинскиот голман Рејнат. Седум минути подоцона одново Барди упати удар од работ на шеснаесетникот, но и во оваа ситуација чуварот на мрежата на Фарски Острови немаше проблеми.
Најголемата прилика за водство на Македонија ја пропушти на пет минути пред крајот на полувремето кога Исник Алими се најде пред Рејнат, меѓутоа неговиот удар во пад заврши покрај голот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…