Гаши се сретна со новиот известувач за Македонија во ЕП, Томас Вајц – Работиме на одржувањето добрососедските односи и решавањето на отворените билатерални прашања
Претседателот на Собранието Африм Гаши во рамки на посетата на Европскиот парламент оствари средбa со известувачот за Република Македонија во Комисијата за надворешна политика (АФЕТ) Томас Вајц.
На средбата, како што информира собраниската прес-служба, Гаши истакна дека Македонија продолжува да работи на одржувањето добрососедски односи, на решавањето на отворените билатерални прашања преку дијалог во духот на европските вредности и на реформскиот процес кој треба да доведе до исполнувањето на нашата стратешка цел. Изразил надеж дека Резолуцијата која ќе ја подготви како известувач, ќе ја отсликува реалната состојба.
Австрискиот европратеник Вајц и познавач на приликите во регионот на Западен Балкан го запознал Гаши со актуелните случувања во Европскиот парламент, функционирањето на политичките групи и начинот на донесување одлуки, како и за размислувањата за одредени реформи во контекст на одлуките за проширување.
– Соговорниците го поздравија донесувањето на Планот за раст за Западен Балкан кој има за цел да го поттикне регионот да се подготви за членството во ЕУ. Условеноста на распределбата на средствата со спроведувањето на конкретни реформи, особено во областите на владеење на правото, борбата против корупцијата, основните права, економското владеење, зајакнувањето на демократските институции и реформата на јавната администрација, ќе ги забрзаат неопходните социо-економски и фундаментални реформи, се вели во соопштението.
Гаши го поканил Вајц да ја посети Македонија во наредниот период за, како што се наведува, изворно да се запознае со состојбите во државата, спроведувањето на Реформската агенда и сите останати активности поврзани со нашите аспирации за полноправно членство во Европската Унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гаши се сретна со новиот известувач за…
Претседателот на Собранието Африм Гаши во рамки…
Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…
Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…
Раст на економијата на ЕУ годинава, позитивни…
Економијата на Европската унија ќе порасне за…
Орбан: Во најдобар интерес на ЕУ е…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека…
Фон дер Лајен најави замена на рускиот…
Европската унија може да ја разгледа можноста…