(Видео) „Стоп за Сорос“ на апарати: Мицкоски заедно со Сорос во Белград
Премиерот Христијан Мицкоски во Белград беше забележан заедно со Александар Сорос, син на Џорџ Сорос.
За време на винскиот саем во Белград на снимката на Танјуг покрај српскиот претседател Вучиќ во позадина се забележуваат и Александар Сорос и Христијан Мицкоски, моментот можете да го видите на видеото во продолжение.
Се надеваме дека Лефков не го видел ова видео бидејќи самиот имаше остра реакција за поврзаноста на новата потпретседателка на СДСМ со Фондацијата Сорос.
Според него, „Фани Каранфилова Пановска за која неврохирургот на Заев, Филипче кажа дека ги има во себе социјалдемократските вредности во Сорос“ ја интересирале само пари, но еве го неговиот лидер и премиер со Сорос.
Инаку, општините предводени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ претходно имаа сорабтки со Фондацијата Сорос.
Фондацијата на Џорџ Сорос, “Отворено општество”, донира во Општината Штип, се пофалија на Фејсбук истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ од Штип.
– Во соработка со Фондација Отворено општество, реализираме инвестиција од 9.000.000 денари, со која ќе ја зголемиме енергетската ефикасност во три општински училишта.
СОУ Јане Сандански, СОУ Коле Нехтенин и ООУ Тошо Арсов ќе добијат фотоволтаични панели, кои ќе бидат поставени на кровните конструкции во училиштата.
Преку искористување на обновливите извори на енергија, ќе овозможиме заштеди, а со заштедените средства ќе овозможиме нови инвестиции во интерес на учениците! – објави на Фејсбук Вишна Шорова.
Инаку Шорова е активист на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, која претходно била дел од кампањата “Стоп за Сорос од Македонија”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Додик: Сорос стои зад обоените револуции
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави…