Измамен уште еден охриѓанец – сакал да врати 6.000 денари, му зеле 6.000 евра
На 26.11.2024 во 15.30 часот во СВР Охрид, 47 – годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 6.000 евра, соопшти МВР.
„Според пријавеното, пред извесно време на една апликација отворил негов електронски паричник и уплатил 100 евра, но парите му пропаднале и не пријавил затоа што се работело за помала сума. Како што е пријавено, на 20.11.2024 на социјална мрежа забележал објава со понуда за враќање на украдени пари и се регистрирал, а по неколку дена му се јавило лицето и тој го запознал со неговиот проблем. Исто така, според пријавеното, по неколку дена лицето повторно му се јавило и го известило дека на негова сметка во Народна банка имал заглавени 15.630 долари и за да можат да ја извршат уплатата, ќе треба да инсталира една апликација и да го зголеми лимитот во неговата банка на приближно иста сума колку што треба да му биде исплатено. Откако сторил како што му било кажано, забележал дека од неговата сметка биле направени две трансакции од вкупно 6.000 евра“, пишува во полицискиот билтен.
Охриѓанецот потоа повеќе не ги видел парите и не можел да исконтактира со измамникот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Додик: Политичарите да се изјаснат кој е…
Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик…
Претрес во Ново Село, пронајдена е дрога
На 25.11.2024 во 23.20 часот во село…
Измамен уште еден охриѓанец – сакал да…
На 26.11.2024 во 15.30 часот во СВР…
Ослободен од притвор синот на норвешката принцеза
Полицијата утрово објави дека нема да бара…
Скопје се гуши
Скопје повторно на листата најзагадени градови во…