Шилегов со ,,Во бестрага” за новото раководство на СДСМ
Во бестрага или не, ова беше музичката нумера со која Петре Шилегов долгогодишен член и функционер од редовите на СДСМ одлучи да ја објави по изборот на новото партиско раководство на СДСМ.
Наместо коментар, како што напиша, ја сподели песната на својот фејсбук профил.
Синоќа за нови потпретседатели на СДСМ беа одбрани поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката на правниот факултет Ана Чупевска, Кристина Колева која е член на ЦО на СДСМ и Методија Илиевски од општина Битола.
За генерален секретар беше поставен Александар Димитриевиќ, а за организациски секретари Мартин Костовски и Љупчо Фармаковски. Со овие кадри СДСМ го коплетираше долгонајавуваното реформирање на партијата по историскиот пораз на последните парламентарни и претседателски избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов фронт на Блискиот Исток – Саудиска…
Регионалната војна на Блискиот Исток добива уште…
(Видео) Европа создава историја без Трамп –…
Со овации по секоја искажана реченица кажани…
Дизелот соборува рекорди, експертите предупредуваат на можни…
Цените на горивата во Западна Европа продолжуваат…
Јапонија пред каматна стапка невидена три децении…
Една од најнеобичните епохи во светската монетарна…
Хаг ќе одлучува за репарации за жртвите…
Судот во Хаг денеска соопшти дека ќе…