ДКСК се уште постапува по пријавите за предметот за именувањето на директорот на АНБ
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) се уште постапува по пријавите во врска со предметот за именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност. На денешната седница членовите на ДКСК посочија дека се уште течат законските рокови за прибирање документација.
-Во однос на случајот за којшто прашувате, доставени се неколку пријави до ДКСК. Од страна на ДКСК поднесени се барања за прибирање на потребна документација за утврдување на фактичката состојба, за што се уште течат законските рокови за доставување на истата. По утврдување на фактичката состојба ќе биде донесена одлука на јавна седница на ДКСК, истакнаа од Антикорупциска во одговор на новинарско прашање.
ДКСК на 22-ри октомври отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност, откако до Антикорупциска пристигнала анонимна претставка во која пишувало дека тој наводно не ги исполнува условите за да биде директор.
Именувањето на Бојан Христовски за директор на институцијата задолжена за безбедноста и контраразузнавањето предизвика бројни реакции во јавноста.
Владата на седница на 16 октомври го разреши директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, а на негово место го именува Бојан Христовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
ДКСК загрижена поради предложените измени на Законот…
Државната комисија за спречување на корупцијата изразува…
Христовски не се откажува: Останува во АНБ…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Документи) Фалинки или фалсификати во образованието на…
Во која нормална држава за директор на…