Притворено уште едно лице кое се обидело да запали албанско знаме

t

За инцидентите на денот и по прославата на албанското знаме, МВР уапсило 18 лица од кои четворица се во притвор. Против десетмина има покренато прекршочни постапки поврзани со дивеењето на скопските улици од аспект на сообраќајниот хаос. Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Според министерот, пред два дена било уапсено уште едно лице кое било фатено како се обидува да го запали албанското знаме во Скопје. Судот веќе му изрекол мерка притвор.

-Не паметам да има уапсени 18 лица за вакви настани и да бидат изречени мерки притвор во толку краток временски период, рече денеска Тошковски по средбата со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…

Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…

За еден месец, македонската полиција запленила 97…

Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…

Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…

Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…

Сите учесници во инцидентот во скопската населба…

Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…

Полицијата во периодот од 24 до 26…