Вучиќ: „Што им згрешивме на Бугарите?“

t

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ вчера не дадоа зелено светло за отворање на Кластерот 3 за Србија во преговорите за членство за ЕУ. Вучиќ вели дека Унгарија ќе закаже нова средба за следната недела и дека во тоа нема сомнеж.

На вчерашната седница против отворањето на Кластерот 3 беа осум земји, три балтички земји, Шведска, Финска и Холандија, како и Хрватска и Бугарија.

„Да ме прашаше Господ што им згрешивме на Бугарите, немаше да знам како да ви кажам и објаснам. Изгледа разбирам кои се вистинските причини, иако никогаш нема да ги слушнете. И јас ги разбирам и Хрватите, немам голем проблем да го разберам. А за нас има две важни вести да продолжиме да се бориме и да разговараме со сите нив“, вели претседателот.

Исклучително позитивно е, посочува, што Германија е апсолутно за отворање на кластерот три, додека Франција и Италија беа и остануваат за тоа.

„Им благодариме ако ни го отворат тој кластер три. Им благодариме и ако не го отворат. Воопшто нема проблем. Следната година ќе се стремиме да бидеме најбрзо растечка економија во цела Европа“, рече претседателот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…